Денот на вљубените или 14 февруари многумина го сметаат за најромантичен датум во годината, а со тоа очигледно се сложуваат и четири милиони американци кои имаат намера токму на тој датум да ги запросат своите партнери.

Според заклучоците на истражувањето кое било спроведено во компанијата “American Express”, околу 30 проценти од испитаниците планираат да ја запросат својата поубава половина на романтичен викенд или одмор. Околу половина од нив планираат за прстен да потрошат помеѓу 800 и 4000 евра, додека 22 проценти не сакаат да потрошат повеќе од 1500 евра. Само пет проценти од испитаниците ќе потрошат повеќе од 8000 евра.