За десетина дена во Охрид, најавена е дезинсекција за уништување на комарците. Како што соопштуваат од Центарот за јавно здравје, прскањето ќе се врши во соработка со локалната самоуправа, а се чека уште на формалниот дел.

Исто така, со цел превентивно делување во заштитата на здравјето на граѓаните, ќе се врши и дератизација на канализационите одводи, со цел спречување на појава од инсекти и глодари кои имаат епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести.
Инаку, во периодот кога ќе се спроведува прскањето пчеларите треба да ги заштитат пчелите.
OhridNews











