Полицијата трага по охриѓанец кој се сомничи за агресивно однесување кон сопругата и членови на семејството.
На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Охрид пријавено е агресивно однесување на охриѓанец во семејниот дом кон неговата 33 – годишна сопруга, а упатувал закани и кон останатите членови на семејството. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Истиот ден во 10:35 часот на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници лишиле од слобода 32-додишен државјанин на Република Турција.
Службеници на СВР Охрид постапиле по претходна пријава за физички напад врз неговата 31 – годишна сопруга од Охрид и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „телесна повреда“, соопшти Димоски.
Ова е трет случај на насилство врз жени и девојки во Охрид деновиве. Вчера полицијата лишила од слобода 33-годишен охриѓанец кој бил пријавен дека подолго време вознемирувал, а на 29 септември и физички нападнал 25-годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место.
OhridNews
Фото: Илустрација „Freepik“