За два сантиметри е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера покажуваат резултатите од денешните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивото на Охридско Езеро утрово е на кота од 693.23 м.н.в, додека вчерашните мерења покажуваа 693.21 м.н.в.

Деновиве се бележи мал тренд на зголемување на нивото споредбено со минатата недела кога нивото беше констатно на кота од 693.19 м.н.в. Сепак, водостојот е за 15 сантиметри понизок од просекот за јануари кој изнесува 693.38 м.н.в.

Температурата на езерото е осум степени, што е за еден степен над просекот за јануари.

OhridNews