За една недела обвинителството ќе ја соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 мировници и ќе се знае дали ќе биде покренато обвинение за овој случај или не.

Обвинителот Љупчо Шврговски потврди  дека одлука има, но ќе биде соопштена по една недела. Експертизата за овој случај е преведена од англиски и на македонски.

Обвинителството побара странската експертиза на хеликоптерот откако утврдија контрадикторности во армискиот и владиниот извештај.

Несреќа се случи на 12 јануари 2008 година на брдото кај катлановско Блаце, каде што загинаа 11 мировници на АРМ при враќањето од мисијата во Босна.

OhridNews
извор: Makfaks