Според советничката група на ВМРО- ДПМНЕ при остварувањето на општинскиот буџет заклучно месец септември, можат да се забележат бројни недостатоци. Според Дејан Паноски, најголеми број од реализираните ставки и средства се оние кои се однесувале на урбанизмот и патувањата во странство и дома.

Буџетот за за 2010 беше направен за одредени интереси, а не во полза на граѓаните. Се оствари она што го предвидовме, а тоа е дека за сопствените слабости Локалната самоуправа постојано ќе ја обвинува централната власт, рече Паноски.


73% е идеално остварување на буџет за периот од девет месеци, рече советникот од СДСМ, Томислав Тунтев. – Оваа стапка треба да се потенцира дека е висока, особено ако се земе во предвид дека во текот на годината која изминува дојде до намалување на наменските дотации од страна на државата. Станува збор за фрапантни бројки- од предвидени 27 милиони денари за вложување во инфраструктурата, со кратење на државниот буџет префрлени беа само 7 милиони денари, од кои до ноември не е уплатен ниту денар, рече Тунтев.

Освен за извештајот за остварувањето на буџетот, советниците на денешното продолжение на 25- та седница, меѓу другото, расправаа и за отпочнување на постапка за доделување на концесија за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион,  извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид ззаклучно месец септември, извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, а со мнозинство гласови беа разрешени и именувани членови од неколку општински комисии.

Т. К.