Интерес за пријавување за фаќање на светиот крст на празникот Водици и годинава пристигнува од голем број градови од земјава, но и од странски земји. Како што информираат од здружението Богојавление, бројката на пријавени се очекува повторно да биде над 1000.
– Луѓе од секаде низ Македонија но и странски земји се јавуваат, прашуваат каде и кога да се пријават, интересот е голем. Сите кои се заинтересирани од петок и во деновите од викендот ќе може да се пријават во ресторанот Света Софија, каде ќе добијат пријава со која потоа на 19- ти јануари, во периодот од 7 до 9 часот ќе може да ја подигнат маичката во црквите , “Св. Никола- Геракомија“, Св. Ѓоргија, и “Св. Богородица –Каменско“, информира Митко Пендов од здружението Богојавление.
Минатата година по светиот крст во водите на Охридското езеро скокаа 1150 лица. Меѓу нив освен охриѓани беа и гости од другите градови од Македонија, како и од Шпанија, Србија, Чешка, Бугарија.
OhridNews












