“Дополнителен мотив за нашите идни студенти е студирањето според кредит трансфер системот кој на студентите им овозможува меѓународна мобилност во текот на нивното студирање, студиските програми кои се во тек со најновите светски трендови во соодветната област, но и можноста за сместување во студенскиот дом со атрактивна местоположба покрај Езерото”, велат од Конкурсната комисија при ФТУ – Охрид.
Сепак, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид има уште слободни места кои се очекува да се пополнат во вториот или евентуално третиот уписен рок, кои ќе бидат на 2 и 3 септември, односно на 16 септември за третиот уписен рок.
Интересот за запишување на оваа угледна високо образовна институција беше особено голем за насоките Туризам и Царина и шпедиција, но исто така и за студиските насоки Хотелско-ресторанска, Осигурување и Гастрономија. Голем е и интересот за новата атрактивна насока Гастрономија, исхрана и диететика, за која ќе се врши упис во вториот уписен рок.
Заинтересираните идни студенти кои не успеале да конкурираат до денес, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и дисперзираните студии во Велес ги очекуваат на вториот уписен рок на 2 и 3 септември.