И овој викенд, сончевото и пријатно време намами голем број охриѓани денот да го поминат релаксирајќи се на некоја од плажите на крајбрежјето. Без натискани лежалки, гласна музика, уживаат во звукот на брановите и топлото септемвриско сонце.

Езерската вода и покрај свежите вечери сеуште е пријатна за капење. Според последните мерења температурата на водата во езерото е околу 23 степени.

И во наредните неколку денови во Охрид ќе преовладува сончево и топло време со максимална температура до 27 степени. Намалување на температурите ќе има во четврток кога максималната температура ќе биде 21 степен, а во петок и сабота до 17 степени. Минималната температура ќе биде од 5 до 9 степени.

OhridNews