Со најновите законски измени утврдени се границите на заштитеното подрачје во Охрид, каде во иднина ќе може да се гради само со дозвола од Министерството за транспорт и врски.

– Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за градење,  градбите во рамките на заштитената споменична целина се дефинирани како градби од прва категорија. Надлежноста за издавање на било каква документација поврзана со градење на објектите, доградби, надградби, реконструкции, пренамена и друго е во домен на Министрество за транспорт и врски – Скопје. Сите барања за горенаведените активности се поднесуваат во ова министрество. – информираат од Локалната самоуправа.


Заштитената споменична зона во Охрид

OhridNews