Холандските туристи се средно задоволни но исто така позитвно ги оценуваат охридските и струшките хотели. Хотел „Макпетрол“ во Струга ја доби највисоката оценка од “портокаловите“ гости: 8,6. А во Охрид најдобрата оценка ја доби хотел „Белведере“: 8,3. Реномираниот со пет-ѕвезди хотел „Инекс Горица“ има средно признание: 7,0.

Овие оценки се објавени во годишното туристичко списание „Лето 2012“ од туристичката организација „Корендон“.

 

„Корендон“ со години просперира како туристичка организација во 91 град од 28 држави. Во 2011 ова холандска фирма влезе со сериозни и амбициозни планови (од мај до септември со повеќе летови неделно) на македонскиот пазар. “Се трудиме патниците да бидат задоволни од квалитетна услуга.” Ова го изјавува директорот на Корендон, Атилај Услу, со сончев поздрав во списанието. Организацијата соработува со неколку хотели во “заборавените ретро дестинаци Охрид/Струга”.


 
“Вашите искуства имаат златна вредност”, им порачува „Корендон“ на ценетите клиенти кои ги информира за понудата оваа сезона преку специјализираното туристичко списание “Лето 2012“, што се дистрибуира во цела Холандија.

Оценките за хотелите се резултат на различни, добри и лоши искуства од холандски и белгиски гости кои ја имаат посетено Македонија во аранжман на Корендон: Инекс Горица 7,0; Силекс 7,0; Београд 7,0; Турист 7,2; Десарет 7,3; Метропол 7,3; Дрим 7,8; Дипломат 7,8; Дончо 7,9; Белведере 8,3; Макпетрол 8,6.

Во рекламниот материјал нема никакви екстензивни детали или информации зошто едниот хотел има добра а другиот средна оценка. Во изданието на 202 страници секоја дестинација е претставена како сјајна, атрактивна и сите хотели се спомнати како убави и гостопримливи. Сепак умерените критики и позитивни признанија се субјективни. Не е јасно на кој начин точно се добиени резултатите. Колку туристи, каде, кога и како се анкетирани. Со какви прашања и според кој критериуми. Само пишува како додаток дека во истражувањето се користени изјави од една голема холандска независна туристичка веб страница. Со оценките Корендон им предочува на потенцијалните клиенти дека има разлики помеѓу хотелите.


Додека цела  Македонија е зафатена со временските услови и снегот, во Холандија и Белгија луѓето традиционално во овие месеци се подготвуваат за летен одмор.

Во списанието има аранжмани за Португалија, Египет, Тунис, Грција, Кипар, Бугарија и Македонија. Многу семејства го добија овој рекламен материјал гратис дома за да можат слободно да се ориентираат каде ќе одат ова лето на релаксирање.

Корендон со своите десет авиони во лето и зима нуди туристички пакети по прифатливи цени.

Владо Велјаноски
репортер на Холандска телевизија НОС Студио Спорт