Со новите законски измени, за кражба на дрва и нелегална сеча се предвидуваат од три до пет години затворска казна.

Исто така, се укинува продажбата од шумски камионски пат , начин кој до сега се докажал дека е многу коруптивен информираат од јавното претпријатие “Македонски шуми“, пренесува „Канал5“.
„Исто така се забранува популарно наречена селска сеча, значи за потребите на оние граѓани кои живеат во реоните, во села кои што се близу до самата шума, секое семејство ќе има право директно од шума да купи само десет метри кубни дрва и ништо повеќе, со тоа што сами ќе ја исечат. Секоја друга злоупотреба е кривично дело.“ – изјави за овој медиум, Жарко Караџоски, директор на Ј. П Македонски шуми“.
Инаку, законските измени се донесени со цел спречување на нелегалната сеча и намалувањето на шумскиот фонд во земјава.












