За кус период, односно до 17 часот вчера во Охрид наврнале 18 литри на метар квадратен, Според информациите на УХМР најмногу дожд до истиот период наврнало во Маврово 29, односно Прилеп 25 литри на метар квадратен.
Поројниот дожд ги преплави шахтите во стариот дел на градот, а реки вода течеа низ чаршијата.
Според прогнозата на УХМР, денеска ќе преовладува сончево и топло време. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 25 степени Целзиуосови. Стабилно и топло време не очекува и за време на викендот. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 18, а максималната од 26 до 33 степени.
OhridNews
Се стемни небото над Охрид, реки вода течат низ градот













