Земјиштето на легализираните семејни куќи од денеска, за парцели до 500 метри квадратни, може да се откупи по цена од 61 денар за метар квадаратен. Доколку парцелата е поголема, делот кој е над 500 метри квадратни ќе се отуѓува согласно цените за продажба по пат на непосредба спогодба, односно истите цени кои се плаќаат за оформување на парцелата, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Јанакиески потенцира дека со овие мерки, ќе им се излезе во пресрет на голем број семејства и стопанственици кои не можеа да се стекнат со сопственост на земјиштето на кое веќе имаат изградено објект.
За индустриските објекти, нема ограничувања за квадратурата на парцелата. Цените што ќе се плаќаат за земјишето под објект се еднакви со ценовникот на Министерството за финансии и варираат од 240 до 480 денари за метар квадратен во зависност од општината и регионот. Дворовите, пак, се приватизираат по цена од евро за метар квадратен.
Согласно законските одредби, се воведува и еднократен надомест за воспоставување правотна службеност во износ од 10 проценти од продажната цена на земјиштето за одредена намена по пат на непосредна спогодба. Тука најчесто станува збор за изградба на мали хидроцентрали, што било едно од барањата на концесионерите.
OhridNews