Од 1 јануари пациентите што имаат потреба да се лекуваат во странство на државна сметка, наместо како до сега да надоместат  20% од трошоците, ќе плаќаат партиципација од најмногу 200 евра.

Како што наведува во интервјуто за „Нова Македонија“, в.д. директорот на Фондот за здравство, Јован Грповски, за оваа цел од буџетот за 2013 година се издвоени вкупно 220 милиони денари.

Грповски додава дека во однос на бројот на пациентите нема ограничувања и дека основна цел на фондот е на сите што им е потребно да им биде обезбедено лекувањето во странство.

Новина за 2013 година е и дека пациентите ќе може да добиваат услуги и од приватните болници во земјава, ако тие ја работат услугата која не се дава во јавното здравство.

OhridNews