По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во сабота, 2-ри јули, бродовите „Александрија“ ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по празнична цена од 400 денари за повратен билет.

Бродот „Александрија“. Фото: 2S

Бродовите „Александрија“ за Св. Наум во сабота тргнуваат во 19:30 часот од градското пристаниште.

Карти по празнична цена од 400 денари во двата правци, ќе можат да се купат во сабота на Градското пристаниште. Картите се во ограничен број.

Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.

OhridNews