
-Сето ова се прави за да може новопечениот антички Македонец од индиско потекло,Субрата Желби Рој,да го купи земјиштето по едно евро з аметар квадратен, тврди Величковски. Тој смета дека оваа замисла е трасирана со Законот за експропријација,предложен по итна постапка токму од пратеникот од Охрид, Александар Николовски.Тој,пак, ја негираше поврзаноста меѓу двата закона, но не и можноста, крајбрежјето да биде претворено во индустриска зелена зона.
-На Охриѓани им е преку глава од леење крокодилски солзи кога треба нешто да се направи за градот. Туризмот е во голема криза и ние треба да ги молиме инвеститорите да доаѓаат во што поголем број, вели Николовски.
Министерот за економија,во образложението на законот рече дека идејата е да се привлечат домашни и странски инвестиции и да се отворат нови работни места.
– Општините ќе треба да основаат јавно претпријатие кое ќе управува со зоната и ќе има обврска да ги реши сите инфраструктурни проблеми и да им даде готова индустриска зона на странските инвеститори. Ним им се дава можност и преку сопствени подзаконски акти и правилници,да им даваат поволности на инвеститорите,со што ќе се поттикне и конкуренцијата,рече Сарачини. Мнозинството го одобри законот на понатамошно читање.
извор:„Телма“











