По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во петок 20-ти септември, вечерта, ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од само 100 денари во двата правци (повратна карта).

Картите ќе се продаваат на градското пристаниште во четврток, 19 септември, од 09 до 19 часот.

Поаѓањето во петок 20 септември, е од охридското пристаниште во 20 часот, а враќањето од Калишта е вечерта во 22.30 часот.

OhridNews