По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари во двата правци (повратна карта).

Брод „Александрија“. Фото: Стојан Стојаноски 2S

 

Картите ќе се продаваат на градското пристаниште во петок, 19 септември, од 10 до 19 часот.

Поаѓањето  во петок 20 септември, од охридското пристаниште во Охрид е во 19:30 часот, а враќањето од Калишта е вечерта во 22.30 часот.

OhridNews