По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена од 250 денари во двата правци (повратна карта).
Картите ќе се продаваат на градското пристаниште во петок, 19 септември, од 10 до 19 часот.
Поаѓањето во петок 20 септември, од охридското пристаниште во Охрид е во 19:30 часот, а враќањето од Калишта е вечерта во 22.30 часот.
OhridNews