Денес, околу 1 часот на патниот правец Охрид-Св. Наум во близина на Хидробиолошкиот завод, се случила сообраќајна незгода при што изгорел моторцикл, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
До незгодата дошло кога во еден момент возачот, младо момче, изгубило контрола и паднало од моторциклот по што моторот удрил во браник од патот и се запалил. Возачот се здобил со полесни телесни повреди.
На местото на сообраќајната незгода пристигнала екипа од охридската Противпожарна единица која го изгаснала пожарот.
OhridNews
Фото:Мартин Попоски














