Поставувањето на споменикот „Воин на коњ“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“, не е провокација, изјави вчера во Охрид министерката за култура Елизабета Канческа Милеска.

-Воопшто не сметам дека тоа е провокација. Лично како граѓанин јас сум горда на тој проект и мислам дека сите треба да бидеме горди бидејќи се работи за едно значајно име кое што оставило значаен белег во историјата, рече Канческа Милеска.

Запрашана дали се гледа во новиот владин кабинет, Канческа Милеска истакна дека својата работа ја извршува одговорно и чесно и дека без разлика кој и да биде министер работите ќе се одвиваат и ќе продолжат како и досега.

OhridNews