Менаџарот на Челси, Жозе Мурињо повторно вината за убедливиот пораз во лондоснкото дерби со 5-3 ја најде во судиите. Според “специјалниот“, кој оваа сезона не прекина да “плаче“ на секоја судиска одлука , токму главниот судија Фил Дауд е дрикетниот виновник за поразот.
„Што да се каже за Фил Дауд, тој е премногу бавен за да ги следи акциите на Азар. Можеме да говориме за се и сешто, но сите видовте што се случи при резултат 1-0. Ако го добиевме она што го заслуживме, ќе водевме со 2-0 и мечот сигурно ќе имаше апсолутно поинаков тек. Вака, одново се случуваат судиски грешки против Челси, имавме две тешки гостувања, на двете имаше одлуки против нас, па наместо шест освоивме само еден бод.Одлуката по стартот на Фазио ја донесе од преку 30 метри оддалеченост. Можам да кажам дека беше точна, но тоа ме зачудува, како можеше Дауд добро да процени ситуација од преку 30 метри, а не виде очигледен пенал на помалку од десет метри од него“ – истакна португалскиот стручњак.
Челси и Манчестер Сити се изедначени на врвот табелата со 46 бода од 20 меча.
ohridnews