На конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу два фестивали пристигнале 22 дела од 21 автор.
Жирито за доделување на наградата годинава ќе избира меѓу најновите поетски изданија на авторите: Борис Стојковски, Борче Панов, Владимир Илиевски, Гордана Михаилова-Бошнакоска, Драгана Ефтимова, Елена Пренџова, Иван Џепароски, Јовица Ивановски, Кире Неделковски, Љубомир К. Бочваров, Марија Бундалевска, Милан Линдро, Мирослав Димитриев, Митре Ристо Николов, Нехас Сопај, Петко Дабески, Трајан Петровски, Трајанки Блажевска, Науме Радически, Филип Клетников и Христо Петрески.
Добитникот на наградата ќе биде прогласен на фестивалот кој годинава ќе се одржи од 23 до 26 август во Струга.