На барање на публиката, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во сабота, 29- ти март, повторно ќе се прикажува детската балетска претстава за најмладите „ Волкот и седумте јариња“. Времетраењето на детската балетска претстава е 45 минути.
Кореограф- Јулија Милески, костимограф- Мирослав Рувиноски, сценографија- Сидороски Љупчо, музика- Јовица Караклиевски.
Претставата е во организација на НУ Центар за култура “Григор Прличев”, а е поддржана од Министерството за култура на Македонија. „ Волкот и седумте јариња“ премиерно беше изведена во месец декември 2013 и наиде на добар прием кај публиката.
OhridNews












