42-годишниот Тони Рајт поставил нов рекорд во неспиење откако успеал око да не склопи полни 11 дена. Сето тоа во склоп на истражувањето врзано за спиењето кај луѓето.

Рајт ја започнал својата 264-часовна мисија на неспиење на 14. мај во шест часот наутро, а како вистински вљубеник во хортикултура се потпирал на сирова храна, вклучувајќи овошје, салати, семки и ореви, кои му помогнале да остане буден.

„Се чувствувам прилично добро иако помалку се тресам. Уште не сум свесен дека поставив рекорд. Моментално не се чувствувам уморен поради покачениот адреналин“, изјавил рекордерот. Нема намера да го „поправа“ рекордот што го поставил со помош на пријателите, играјќи билијард и со муабетење.

Рајт така го завршил своето истражување за човечкото спиење, и тврди дека на секоја половина од мозокот и е потребен одреден период на сон. Со адекватана припрема, можно е да се остане буден и да се задржи функционалноста подолго време, заклучил Рајт.

V. list

С.К.