Неколку часа по пуштање во продажба, билетите за хит претставата „Стујардеси“ на Театар Комедија од Скопје, се распродадени. И покрај големиот интерес на публиката, претставата ќе има само една изведба, согласно претходно постигнатиот договор помеѓу охридскиот театар и Театар Комедија од Скопје.
За кратко време беа продадени и билетите за претставите на МНТ „Не се клади на Енглези“, поради што имаше и втора изведба, и од битолскиот театар „Последната ноќ“. Билет повеќе се бараше и за претставата „Аналфабет“ од охридскиот театар. Тоа само го потврдува фактот дека охридската публика е желна за театар и со нетрпение ја очекува секоја наредна претстава.
Од охридскиот театар најавуваат дека и во наредниот период во Охрид ќе гостуваат театри од други градови со познати претстави.
OhridNews












