Лице на возразст од 38 години од Охрид кое пред неколку дена заработи пријава за нарушување на јавен ред и мир во казино во центарот на Охрид, синоќа предизвикало повторно инцидент. Лицето околу 23 часот, било приведено во СВР Охрид.

-Тој, пред казино лоцирано на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со кршење на излози од казиното и уште неколку соседни објекти, а потоа започнал расправија со вработените. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.