Во наредните неколку месеци, треба да се готови резултатите од физибилити студијата, која треба да покаже дали и колку ќе биде исплатливо да се изгради скијачки центар на падините на „Галичица“.

Според Оливер Аврамоски од НП „Галичица“, уште од поодамна постојат иницијативи за изградба на еден ваков инфраструктурен проект, но до сега немало сериозен процес за негова реализација.

Точно е дека во моментов Владата финансира физибилити студија која ќе покаже дали, во која мера и каков тип на зимски центар е можен од сите аспекти во една пазарна економија. Потоа бројот на можни потенцијални туристи, чинење на изградбата, функционирање на еден таков ситем и секако неговата локација. Во зависност од локацијата, ќе се утврдува и  какви би биле ефектите врз природата.“ – вели Аврамоски.

Како што посочува тој, доколку дојде до изградба на скијачки центар, тоа ќе се направи на начин што нема да го загрози статусот на Националниот парк „Галичица“.

Тој проект го раководи МЕПСО, со кого имаме целосна соработка. Како институција остваруваме контакти со консултанската куќа, така да сите информации кои беа побарани до сега се доставени од наша страна. Целта е таа физибилити студија што поквалитетно да се направи и доколку постои можност да се реалзира инвестиција, која ќе придонесе за економски развој на нашата општина и пошироко. Сепак сето тоа треба да се направи на начин што нема да го загрози статусот на Националниот парк.“ – додава Аврамоски.

Според Аврамоски ветува фактот што физибилити студијата ја изработува една од водечките фирми во светот која прави анализи за идни потенцијални скијачни центри и слични инфраструктурни објекти. „Во нарените месеци очекуваме да бидат доставени нивните видувања.“ – додаде Аврамоски.

O.T.
Фото: Миле Илоски