За „непослушните“ медиуми казни и над 100.000 евра?
11.04.12 18:27
Предлог казнените мерки со кои се предвидуваат ригорозни казни од по 10 илјади евра за новинарите, 40 илјади евра за уредниците и 80 илјади евра за сопствениците на медиуми не само што претставуваат инструменти за притисок, туку се и директна причина за воведување на автоцензура, изјави денеска Јани Макрадули, собраниски пратеник од редовите на СДСМ, пренесува „Макфакс“.
Според него, со предложените предлог мерки, власта го става Здружението на новинари во ситуација помош да бара низ институциите на ЕУ.
„Сметаме дека власта со процесот на декриминализацијата на клеветата ја замајува и домашната и меѓународната јавност дека води суштински дијалог со новинарите“, рече Макрадули.
Тој предложи мерки изготвени од СДСМ за целосно унапредување на состојбите во медиумската сфера.
„Прво, целосно и ревносно почитување на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Второ, намалување на предложените казни за новинарите и уредниците во согласно со барањата на ЗНМ и воведување на реципрочни казни за прекршителите на Законот за слободен пристап до информации во државните институции; Трето, утврдување на прецизен и објективен систем за распределба на буџетските средства за кампањи во медиумите според објективни критериуми“, нагласи Макрадули.
Според Илија Димоски од ВМРО ДПМНЕ, Политичката структура што во моментот е на власт, е првата која има волја за ефективни разговори со претставниците на новинарите.
„За прв пат во Македонија после 20 години е отворен дијалог кој треба да оди во насока на подобрување на стандардите во новинарството и овозможување на услови, оваа професија подобро да ги извршува своите задачи“, рече Димовски.
Според него, ако СДСМ навистина сака подобри стандарди во новинарството прво што треба да направи е да упати апел до оние медиуми, за кој цела јавност говори дека се блиски до нив, да почнат, како што рече, да ги почитуваат основните новинарски стандарди, а не своите вести и информации да им зависат од политичките и бизнис интереси на нивните пријатели од СДСМ и соработници.
„За нас најважно е да се обезбедат добри услови за работа на новинарите, но и да се обезбеди релевантна и ефективна заштита од клеветите и навредите на многу мал дел (но гласен) од новинарската фела. Таа заштита не е потребна само за политичарите, туку пред се за самите новинари, за јавните личности, за фирмите, за културните работници, за спортистите итн. Ние сме уверени дека дијалогот кој што се одвива помеѓу Владата на РМ и ЗНМ е најдобриот начин како да се дојде до разумни и рационални решенија“, рече Димовски.
Детскиот фестивал „Распеано рибарче“ годинава полни 27 години, а годинава ќе биде одржано 26-тото издание во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид Оваа чудна пролет со снег, дожд ама и сонце ...
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2025” ќе се одржи на 10 мај, сабота На истата според организаторот, Нуркачкиот центар „Амфора“, учество ќе земат нурк...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.