Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 85 возачи.
Од нив, 18 на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, 12 на територијата на СВР Штип…, велат од МВР.
Воедно информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради поголема безбедност на патиштата.
OhridNews