Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 162 возачи.

Од нив, 61 на територијата на СВР Тетово, 27 на територија на СВР Охрид, 21 возач непрописно престигнувал на територијата на СВР Куманово…, велат од МВР.

Додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

OhridNews