Вкупно 114 возачи се санкционирани за непрописно престигнување во рамки на засилената акциска контрола што во текот на вчерашниот ден ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава, во периодот од 7:00 до 11:00 часот.

Од нив 53 се казнети на територијата на СВР Охрид, 21 на територија на СВР Тетово,… информира МВР.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

OhridNews