
прегледи согласно прописите, ќе подлежат на глоба во износ од пет до
осум илјади евра за прекршок на правното лице и 500 до 1.000 евра за
одговорното лице. Ова меѓу другото се предвидува во измените на Законот за безбедност и здравје при работа, што вчера ги промовираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Целта на измените, како што нагласи тој, е подобрување на квалитетот на здравствени услуги од страна на овластените здравствени установи кои ја вршат дејноста медицина на трудот, зајакнување на механизмот на контрола и одредување на стандарден минимум на здравствени прегледи.
Како што истакна Ристовски, причина за иницирање на законските измени се информациите од терен дека здравствените прегледи кои им се вршат на работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите сегменти, анализи и испитувања кои треба да им се направат на работниците заради констатирање на вистинската здравствена состојба кај секој поединец.












