Најбројни ќе бидат гостите од соседните земји- Србија, Бугарија, Албанија, но ќе има и групи од Грција и Црна Гора. За прослава на најлудата ноќ во Охрид се одлучиле и голем број гости од земјава, информираат од охридските хотели.
– Во нашиот хотел слободни се уште две или три соби. Најголем број од гостите се заинтересирани за тродневните аранжамни со вклучена прослава за дочекот на Новата година. Цената по особа изнесува 147 евра, велат од хотел Метропол.
Задоволство од исполнетоста на капацитетите искажуваат и во хотелите Гранит, Белведере и Милениум.
Резервации и купување аранжамани се очекуваат и во текот на последните неколку дена, пред самиот дочек.
– Според искуството од минатите години вообичаено е да се вршат резервации и во последен миг, дури и еден ден пред прославата, велат од хотел Гранит.
Во хотел Белведере тродневниот аранжман изнесува 149 евра по особа, вклучувајќи го и самиот дочек на Новата година за кога е предвидено богато мени и забава.
Од хотел Милениум велат дека издадени се речеиси сите соби и апартмани.
Гостите кои ќе престојуваат во овој хотел ќе пристигнат од Грција, Бугарија, Србија и Македонија. Цената на дводневниот аранжман е 99 евра, а тродневните 139 евра.