Независни листи поднеле Маргарита Георгиева- Шурбан, Зоран Стевоски, Александар Станковски, Кујтим Усеини, Борис Вељановски, Павле Поповски и Љупчо Настоски.
Демир Далип од Сојузот на Египќаните не ги собрал потребните потписи за неговата кандидатура за градоначалник, додека пак претседателот на партијата Петрит Хусеини, се откажал од поднесувањето на листа на кандидати за членови на советот.
Увид во избирачкиот список во Општина Охрид извршиле вкупно 3421 граѓанин.
Што се однесува на општина Струга, поднесена е една кандидатура за градоначалник , од страна на Витомир Велковски, како и една независна листа на кандидати за советници поднесена од страна на Скендер Бектеши.
Во општина Дебрца, во трката за градоначалничката функција, се вклучува Зоран Новаковски, а независна листа на кандидати за советници поднел Даниел Огненовски.
Во Вевчани не се поднесени независни советнички листи, но кандидатура за градоначалник има поднесено екс првиот човек на општината, Васил Радиноски.
Рокот за поднесување на Листи на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник , од страна на овластени претставници на предлагачите до ОИК , завршува на полноќ на 16- ти февруари.
.