Зад општинскиот Црвен крст останува уште една успешна година, исполнета со бројни активности и постигнати позитивни резултати.Реализирани се голем број хуманитарни активности, крводарителски акции, акции за спасување во вода и на планина. Но, она што особено ги прави горди тоа е започнувањето со работа на Центарот за безбедност на вода.

–    Задоволен сум што центарот конечно почна со работа. Години наназад апелиравме,  молевме до надлежните, за среќа годинава тоа се реализира. Функционираше добро, се надевам дека наредната година ќе се проширува и капацитетот, опремата и  целокупниот потенцијал на центарот, вели претседателот на Црвен крст- Охрид, Сашо Точков.

Задоволен од реализираното од програма за работа за 2012 , Точков потенцира дека волонтерите на Црвениот крст и понатаму ќе бидат на располагање на ранливите категории граѓани, за кои се надева дека нивниот број во иднина ќе биде што помал.

Како заокружување на на годината која изминува ,  општинскиот Црвен крст традиционално организира средба со големиот број соработници, пријатели, волонтери, спонзори, медиуми чија подршка, нагласува Точков, е повеќе од потребна при реализирањето на нивните активности.

Т.К.