За основците и средношколците-компјутери според светските стандарди
16.09.08 00:14
Реализацијата на проектот “Компјутер за секое дете” што го реализира Владата на Република Македонија доцни во основните училишта. “Причина за тоа не се ниту министерството за информатичко општество, ниту Владата, туку неможноста да се постави скапа опрема каде што постои слаба електрична инфраструктура” информира заменик-министерката за информатичко општество, Мирјана Секуловска. “Чекаме да завршат градежните електрични инфраструктурни решенија, а потоа да ги поставиме компјутерите кои се веќе набавени”, додаде Секуловска и најави дека овој проект во основните училишта ќе биде реаизиран до крајот на годината.
Според неа во средните училишта, проектот “Компјутер за секое дете е комплетно реализиран. ” Со него ќе се постигнат високи ефекти во едукацијата на нашите ученици затоа што и учениците и родителите ќе сфатат дека под “компјутер” не се подразбира само забава и игра, туку напротив, едно помошно средство, една логистика која што ќе овозможи широк спектар на едукативност”, потенцира Секуловска. Компјутерите како што изјави таа се набавени по сите светски стандарди, со спецификација и со хардверска конфигурација соодветна на светските стандарди.
Инаку, заменик-министерката за информатичко општество во македонската Влада синоќа во Центарот за култура “Григор Прличев” имаше средба со граѓаните на Охрид и ги сослуша нивните проблеми.
Денес со почеток од 19:00 часот во Охрид Мол, како дел од детската програма на Општина Охрид за најмладите, Културата расте со децата „За сите деца“, драмското студио „ЦВЕТ 75“ ќе одигра две театар...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарк...
Во текот на седмата недела од 2026 година (09-15022026), во Македонија се пријавени 1150 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 11,9% помалку во споредба со претход...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.