Подносителите на пресметки на бруто-плата (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице и државна институција) имаат можност да им бидат отпишани неплатените камати по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година.
Правото на отпишување на камати може да се оствари најдоцна до 31 декември 2013 година, со поднесување на Барање за отпис на камати на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БОК-ПЗСО), до надлежната Регионална дирекција на Управата за јавни приходи кон која припаѓате.
Барање за отпис на камати може да поднесе секој обврзник за пресметка и уплата на придонесите (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице и државна институција), кој има неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои: Настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2012 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2012 година; се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН); и не се платени на денот на поднесување на барањето.
Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите од задолжително социјално осигурување, доколку: Редовно ги исполнува достасаните тековни обврски, односно редовно се поднесени и исплатени МПИН пресметките за период од јануари 2013, заклучно со последната доспеана месечна пресметка; и Извршена е уплата на придонесите од задолжително пензиско и инвалидско осигурување кои настанале заклучно со обврските по овој основ за декември 2008 година.
OhridNews