Охридските пензионери ќе можат бесплатно да го користат градскиот линиски превоз во текот на целата седмица, најавуваат од локалната самоуправа од каде објаснуваат дека постапката за двете нови градски кружни линии веќе е завршена. Преку тендер избрани се превозниците и се очекува новиот линиски превоз да стартува уште овој месец.

Утврден е и возниот ред по кој ќе се сообраќа кон булеварот „Железничка“, населбата„ Гоце Делчев“, кон  Воска и Видобишта. Како што најавуваат од локалната самоуправа, дневно се предвидени околу 30  кружни сообраќања на новите релации.

Редовна автобуска линија се воведува и кон селото Завој.

Т.К.