Невреме и непогоди се случуваат и треба да се преземат мерки за санација и состојбата да се следи. Но, од тоа да се прави политички поени е дегутантно, се наведува во реакцијата на коалицијата За подобра Македонија, во врска со денешната изјава на кандидатот за градоначалник, Александар Петрески.

– Затоа,сакаме само да го запрашаме  кандидат за Градоначалник на Охрид Александар Петрески кој се загрижил за дивоградениот Мост на желбите наместо за улиците низ Охрид , дали  деновиве повторно планира да замине на одмор и да се посонча на плажите во Австралија додека трае невремето во нашиот регион, исто како што направи  точно пред 3 години на 10 Март 2010 година. Мислиме дека е време да си ја заврши посетата и да ја потврди неговата најголема инвестиција во Охрид ,бумеранот, се наведува во реакцијата.

OhridNews