– Пратеникот Александар Николоски во Собранието на РМ поднесе единствено закон со кој се овозможува побрза градба на објекти од прва категорија, а тоа се хидоцентрали ,термо централи , патишта и автопатишта ,водоводни и канализациони системи и спортски објекти. Градоначалникот на Охрид во заминување многу добро знае дека во Љубаништа ништо од ова не е предвидено, а онаму каде што е предвидено обесштетувањето ќе биде по пазарна цена, велат од општинскиот изборен штаб на „За подобра Македонија“ .
Оттаму, додаваат дека премиерот Никола Груевски кога бил министер за финансии го започнал процесот на денационализација со кој се вратиле имотите кои што биле одземени од страна на предходниците на СДСМ.
– Исто така премиерот Никола Груевски работи на мултимилионска инвестиција во близина на Љубаништа со индиската компанија Сахаријан , која што инвестиција многукратно ќе ја зголеми цената на земјиштето не само во Љубаништа туку на целото крајбрежие.ВМРО ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните , а Александар Петрески само манипулира, се наведува во реакцијата.