ОИШ на коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, реагира на изнесените ставови на прес конференцијата од страна на кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Александар Петрески.

Во реакцијата се вели:

„Во недостиг на резултати и во недостиг на Програма , Петрески се занимава со личностите кои се кандидати на ВМРО ДПМНЕ  реагирајќи на нивното политичко делување . Наша гордост е што квалитетните луѓе дошле и активно ги спроведуваат политиките и доктрината на ВМРО ДПМНЕ.

Преку овие наводни напади кај Петрески се јавува фројдовскиот синдром и всушност се опишува себеси како човек кон нема доктрина ни идеологија и има сомнежи кон себе. Единствено интерес на Петрески е бизнисот за себеси, ,манипулациите и лагите како идеологија.

Вчера споменавме и повторуваме говорот на интелектуалците е совест на еден град и тие јасно кажуваат дека на Охрид му е потребна промена и му е потребен Др. Никола Бакрачески.Заедно со нив Александар Петрески ги навредува и  културните работници, пензионери, спортски работници, автопревозници, туристички водичи итн.

Александар Петрески го навредува целиот град Охрид и затоа на 24 март граѓаните на Охрид еднаш засекогаш ќе завршат со него.“-стои во реакцијата.

OhridNews