СДСМ и Петрески не издржаа ни после последното обраќање како локална власт во Охрид  ,а да не си ја дозагорчат соостојбата. И во последното нивно обраќање, пак удрија да ги омаловажат сограѓаните, жителите на  Охрид.  Ја разбираме нивната фрустрација затоа што и самите знаат дека поразот во недела на 24 Март им е неминовен и тоа од истите тие граѓани кои ги навредуваа цела кампања и ги малтретираа цели 8 години, велат од коалицијата За подобра Мкаедонија.

– Присуството на граѓаните на  прес конференција на кандидатот Бакрачески и советниците на  ВМРО ДПМНЕ е израз на јасна и огромна  поддршка на Охриѓани за промени, за подобар Охрид ,за поддршка кон  Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ. Ние немаме намера да се занимаваме со навредите ,малициозноста, безидејноста и  фрустрациите на СДСМ и Петрески кои во кампањата ,а и 8 години наназад, не понудија ниту еден Проект за Охрид, се наведува во реакцијата по обвинувањата од Сојузот за иднината околу денешната завршна прес- конференција на колаицијата За подобра Македонија на градскиот плоштад  .

OhridNews