Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестираше. За секоја инвестиција треба време. Реконструкцијата на болницата започна и заврши и Охрид сега има најмодерни одделенија и болница во регионот. И ќе изградиме уште многу дела за Охрид. Вие ништо ниту започнавте , ниту завршивте. Вие немате идеја , освен нормално идеите за корупција ,создавање долгови, станови и богати лични сметки. Тука е разликата и сите ја знаат, се наведува во реакцијата од коалцијата За подобра Македонија која следува по реакцијата на Сојузот за иднината по најавата на Бакрачески за изградба на катна гаража .Од За подобра Македонија реагираат и на денес изнесеното од Сојузот за иднината околу содржаните проекти во изборната програма поврзани со Локалниот екомомски развој.
Тоа се истите тие кои 8 години го водеа Локалниот економски дел за Охрид и кои ништо не успееа да направат, а денес без трунка срам зборуваат за економски развој . Од нив видовме 8 годишно уништување на Охрид за кое се сите свесни. Господине Петрески , каков е тоа економски развој во овие 8 години без ниту едно капитално дело за подобрување на состојбите , без ниту една инвестиција освен бумерангот и со организација на градот од најниско ниво. Господине Стојаноски , штом веќе зборувате за локалниот економски развој каде бевте 8 години да реагирате. Дали со молчењето и вие можеби сте креатор на славните туристички настани и понуди како ѓомлезијада и сточарски фарми? Дали 8 години молчење во удобните фотељи си го сметате за предност? Дали во организирањето на испитите некогаш на студентите сте им поставиле прашање како се организира локален економски тим и туризам? Дали вие ја пишувавте Зоки Поки програмата?, се наведува во реакцијата.











