Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ цената на бензините и дизелот се зголемува за половина денар.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 80,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 – 82,00 денари за литар и на Еуродизел 73 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар и ќе изнесува 62 денари за литар, а на мазутот цената се намалува и ќе се продава по 42,241 денар за килограм.












