По повод големиот верски празник Св. Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“, на 5 јануари, недела, ќе пловат до манастирскиот комплекс во Св. Наум по симболична цена од 100 денари за повратен билет.

Билетите ќе се продаваат само во сабота, 4 јануари, од 10 до 16 часот на градското пристаниште и истите ќе бидат во ограничен број.

Тргнувањето за Св. Наум од Охрид е во 8 часот од градското пристаниште. Терминот на враќање на патниците ќе им биде соопштен во текот на пловидбата.

OhridNews