По повод верскиот празник Св. Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија 1“ и „Александрија 2“, на 5-ти јануари, петок, ќе пловат до манастирскиот комплекс во Св. Наум по симболична цена од 100 денари.

Билетите ќе се продаваат само во четврток, 4-ти јануари, од 10 до 16 часот на градското пристаниште.

Тргнувањето е во 8 часот од градското пристаниште, односно во 8.30 часот од Пештани. Терминот на враќање на патниците ќе им биде соопштен во текот на пловидбата.

OhridNews