До синоќа на полноќ истече рокот за пријавување на изнемоштени и болните лица за гласање на претседателските избори закажани за 24 април.

Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а како што посочуваат од Општинската изборна комисија во тек се подготовките.

Пријавени во Охрид се 172 изнемоштени и болните лица. Обуките на општинската комисија и избирачките одбори се во тек и истите завршуваат на 19 април. Во меѓувреме се до 22 април се спроведува тестирање на рабоата на уредот на биометриско читање на податоци од страна на претседателите и заменик претседателите на изборните комисии, информираат од ОИК Охрид.

Упатуваат благодарност до Младинскиот Центар Охрид кои велат им излегле во пресрет со простории и ресурси за одржување на обуките.

Посочуваат дека променета е локацијата само на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид за кои претходно информираа.

Во Општина Дебрца пријавени се 22 болни и изнемоштени лица. Во Дебрца ќе се гласа на 23 места. Обуката е успешно завршена на општинската комисија и избирачките одбори, вели претседателот на ОИК Дебрца, Климе Серафиноски.

Во поглед на промена на локации за гласачки места, Серафиноски, потенцира дека гласањето на двете избирачки места 1327-Сошани и 1326-Оздолени ќе се спроведе во Задружниот дом во с.Оздолени, додека за избирачките места 1328 – Сливово, 1329 – Арбиново, 1330 – Мраморец, 1331 – Турје и 1334 – Лактиње ќе се спроведе во Црковната трпезарија во Село Лактиње.

Н.С.Ј.