По повод големиот христијански празник Божик, концесионерот на паркинзите во центарот на Градот „Сузуки“, информира дека на 7-ми Јануари, прв ден Божик, паркирањето на паркинзите со кои стопанисува оваа компанија ќе биде слободно, односно нема да се наплаќа.
Бесплатното паркирање за празникот Божик ќе важи како за охриѓани, така и за посетителите.
Од 8-ми јануари, паркинзите со кои стопанисува концесионерот „Сузуки“, ќе работат согласно утврдениот режим.